Кими Рааиконен е свесен дека нема што да загуби поради обратната стратегија од оние околу него и фактот дека ќе ја почне трката во Америка на ултрасофт гуми. Во средниот квалификациски сегмент, финецот го постави своето најдобро време на најмеката компонента, поради што беше прв во поредокот по тие 15 минути и денешната трка ќе ја почне на истите гуми за разлика од оние околу него кои почнуваат со црвениот суперсофт.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Логиката вели дека Кими ќе цели на првото место од самиот старт и ќе мора да даде се од себе да го мине Хамилтон, кој секако ќе има побавен старт со потврди гуми. Позади нив трката ќе ја почне Валтери Ботас, додека Фетел почнува од следниот ред. Помош му е повеќе од потребна на Себастијан за да ги одржи надежите за титула во живот.

Немам многу што да загубам, ќе се обидеме да имаме одличен старт, а потоа ќе видиме што може да направиме, но мислам дека ќе имаме добра трка. Сметам дека бев по малку бавен во последниот обид во К3, но се на се иавме позитивен дел и секако сме блиску до Мерцедес, иако е далеку од идеално.

Се чувствував убаво во болидот и ќе видиме како ќе биде на трка, ќе биде долго тркање, никој не знае како ќе се однесуваат гумите затоа што викендов никој не работеше долги серии и мора да биде интересно – објасни Кими.

Првиот ред од кој ќе стартува Кими деенска е прв негов старт од најдобтиот ред на гридот по пол позицијата која ја освои во Монца во Август.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.