Кими незадоволен од здодевната трка

340

Кими Раиконен смета дека големите очекувања за возбудлива трка во Канада ја направиле истата доста здодевна. Возачот на Ферари извозе трка во која не работеше многу, беше претекнат од Даниел Рикардо на стартот и не успеа да го мине Луис Хамилтон преку боксот, така што немаше возбуда од негова страна.

Финецот смета дека вообичаениот проблем со следење на болидите пред себе го направиле претекнувањето многу тешко дури и со помошта на 3те ДРС зони во Монтреал.

Не се случија многу работи и беше навистина тешко да се доближиме до болидот пред себе со цел да добиеме шанса за претекнување. Мислам дека сите очекуваа поинаку, но слично е на секоја трка и поради тоа е здодевно.

Изминативе две години имаше многу промени кај правилата, но претекнвуање повеќе од пред 15 години сеуште немаме видено и ни треба бештачкиот ДРС за да добиеме шанса за тоа. Се чини дека ништо не помага – смета Раиконен.

На минатата трка во Монако Фернандо Алонсо и Луис Хамилтон беа најгласни во критиките за здодевниот настан, а во Канада Даниел Рикардо беше единствен од топ 6 кој успеа да претекне.


Booking.com

Кими незадоволен од здодевната трка

12 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>