Кими незагрижен за својата иднина

321

Кими Раиконен е незагрижен околу шпекулациите за неговата иднина кои се повторуваат секоја година и е убеден дека ќе потпише нов договор со Ферари. Формула 1 шампионот од 2007 година нема договор за следната сезона и одамна нема победа за Скудерија.

Секоја година е иста приказна откако можам да се сетам, можеби 15 години се пишува дека по крајот на сезоната сум надвор од Формула 1 – незагрижен е Раиконен.

Во моментов финецот е на 3то место кај возачите и покрај тоа што не ја заврши втората трка од сезоната во Бахреин.

Јас ќе си ја работам мојата работа, уживам да се тркам тоа е единствена причина поради која сум во Формула 1. Останатото не е до мене и ќе видиме како ќе се одвиваат работите.

Многу добро знаеме што сакаме да постигнеме и ако сите работи се поклопат ќе успееме. Во моментов знам што се бара од мене и знам дека сезоната е навистина долга.


Кими незагрижен за својата иднина

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>