Кими: Макс ми ја уништи трката

788
   

Кими Раиконен призна дека сударот од првиот круг со Макс Верстапен на Јапонското Гранд При му ја уништил трката и можноста да предизвика за псоериозен резултат. Финецот имал значителна штета на болидот за да може да се бори за подиум.

На крајот од кругот, холанѓанецот се најде под притисок и “ја утна“ шиканата, излезе по тревата и сакајќи да се врати што поскоро на асфалтот удри во Ферарито на Раиконен оштетувајќи го. Финецот на крајот заврши на 5то мсто со не многу брз ритам.

Мојот болид доста сериозно се оштети и бев прилично бавен. Што можев повеќе да направам?

Се обидов да отидам колку што можам понадвор за да му дадам колку што можам повеќе место, тој дојде од тревата преку тротоарот така што можеби можеше повеќе да сврти за да ме избегне.

Загубив потисна сила, а потоа не можев многу да направам со таков болид. За жал болидите се многу чувствителни, а тој ме удри токму во таков дел по што страдаше брзината и ритамот.

Болидот не беше лош на патот кон гридот, но по губењето на потисната сила од сударот не можев да возам брзи кругови. Невозможно е да се каже каде ќе бев да не се судревме – смета Раиконен.


Кими: Макс ми ја уништи трката

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>