Кими Раиконен смета дека неколку пива може да ја заблажат болката на Валтери Ботас откако финецот му ја предаде победата на неговиот колега Луис Хамилтон, по наредбата од тимот да го стори тоа. “Сребрените“ му јавија на Валтери дека задните гуми на актуелниот првак се оштетени по трката со Себастијан Фетел и во пресрет на 13от свиок на патеката, тој го пропушти колегата.

Луис не ја почувствува победата како што требам Ботас беше разочаран, но Кими Раиконен најде “чаре“ за болката на неговиот сонародник.

Не е идеално, не е фер, но таков е животот и понекогаш не можеме ништо да направиме.

Можеби можам да го мотивирам и развеселам, можеби неколки пива ќе го решат проблемот – изјави Кими.

Раиконен имаше подолга прва  серија од Ферел во првата серија, но тоа не се исплатеше затоа што со помош на стратегијата не мина никој на патеката.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.