Кими верува дека одлуката на Скудерија Ферари да го почне Бразилското Гранд При на софт компонентата е голема предност за екипата.

Двајцата возачи на Ферари одлучија по инсталацискиот круг на Интерлагос да влезат веднаш во бокс, не поставувајќи време и да променат на жолто обоените гуми. Коцкањето овој пат за Скудерија се исплатеше откако возачите на црвениот болид комплетираа одличчни времиња пред да почне посилно да врне и да оневозможи добар ритам со мазни гуми на одредени делови од патеката.

На крајот од квалификациите, Раиконен успеа да го завземе 4то место зад својот сонародник Валтери Ботас, но заостатокот во однос на Хамилтон и Фетел беше помал од две десетинки што му дава одлична шанса. Финецот појасни дека квалификациите биле силни за него ако се земе во предвид колку бил предизвикувачки целиот тркачки викенд.

со оглед на тоа колку беше тежок овој викенд до сега, квалификациите беа мој најдобар дел. јасно е дека резултатот не е идеален, но направив добра работа, задоволен сум од болидот и тоа е позитивно за трката.

условите во К2 беа зезнати, имаше риик од дожд, но и покрај тоа одлучивме да излеземе на софт компонентата и да се обидеме да ја почнеме трката не неа и тоа коцкање ни се исплатеше. сметаме дека тоа е најдобра опција за нас, но ќе видиме затоа што на трка може да се случат многу непредвидени работи – смета раиконен.

Во врскасо последниот свој К3 обид за подобрување на времето, Кими смета дека истиот бил добар, но грешка во последниот сектор го уништил неговото време.

имав добар круг во последниот обид, но потоа почувствував дека погрешив во последниот сектор, се обидов да надоместа, но не можев да го подобрам времето. разликата со оние пред мене е многу мала, битката беше блиска и трката ќе биде уште поинтересна – најави кими.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.