Кими задоволен од пласманот

285

Кими Раиконен е среќен што ја завршил трката во Азербејџан по многу блиски средби со болиди во текот на трката.

Тој имаше контакт со Естебан Окон од Форс Индија уште во 4от свиок од првиот круг, но успеа да ја комплетира трката на 2ро место, веднаш зад победникот Луис Хамилтон. Со овој пласман тој го превзема 3то место на Валтери Ботас во возачкиот поредок. Проблемите на финецот почнаа уште на патот кон гридот кога за малку ќе завршеше во бариерите проади силниот ветер.

Првиот круг по рестартот на крајот од долгиот правец, удрив во внатрешниот дел од ѕидот со полна брзина така што можам да бидам многу среќен што предното тркало не ми одлета. Очекував да имам подобар ритам, но морам да сум среќен и задоволен.

Не беше најлесна трка и не беше трка во која претерано уживав. Неколку пати бев преблиску до ѕидовите, дури и пред трката на патот кон гридот речиси да удрив во бариерата, но успеав да се извадам. Премногу блиску средби во текот на трката.

Чувството за болидот беше добро, но не константно. Решив да возам најбрзо што можам, но пред се да минуам безбедно. Гледајќи што правеа Ред Булите од почетокот на трката, јасно беше дека ќе се случи судар порано или подоцна затоа што беа преблиску еден до друг и преагресвино се тркаа.

Се се смени по тој момент и штом ги ставив другите гуми повторно бев во ред и се се одвиваше како што сакав. Дефинитивно подобар ден од Сабота, но секако дека второ место не е тоа што сакав. Ако погледнеме каде бевме на почетокот на трката, одлични сме на крајот. Знаевме дека имаме брзина и ритам само требаше се да се поклопи – заврши Раиконен.


Кими задоволен од пласманот

3 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>