Кими Раиконен ја поддржа одлуката на Ферари да промени гуми на неговиот болид по втор пат, додека на патеката беше Безбедносното возило предизвикано од сударот на неговиот колега Себастијан Ветел. Првакот од 2007 година влезе по нови гуми доста рано, уште во 14от круг, обидувајќи се со различен пристап да го подобри својот пласман.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Во моментот кога влезе по свежи гуми, Кими беше на чело на колоната, откако излезе од боксот падна на 3то место, каде што ја заврши трката.

Финецот смета дека Мерцедесите биле побрзи на влажната патека и тешките услови кои владееја на трката, но не знае како би завршил доколку не променел гуми по втор пат.

Секогаш е лесно да се критикува по трката, но искрено не знаевме што не очекува доколку останевме на патеката.

Целосно сум сигурен дека ултрасофт беа подобри, а во тој момент моит егуми беа многу возени и не можам да одговорам дали ако останев ќе победев или ќе беше целосна катастрофа. Тоа е секогаш непознаница и мора да се измерат разликите и да се надевате дека штом се вратите на патеката гумите ќе имаат добар грип.

Знаевме и дека Мерцедес ќе бидат на веќе возени гуми, но влегоа в вистински омент. Не знам дали некој може да одговори каков ќе беше резултатот доколку не променевме по втор пат. Кој знае – анализира Кими.

Со третото место, Раиконен остана исто така на 3то место во возачкиот поредок, 9 поени пред сонародникот Ботас.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.