Кими до Мерцедес: Моторот не ни е единствена придобивка

1057

Кими Раиконен ги предупреди Мерцедес откако “сребрените“ неколку пати препоставуваат дека со подобрување на моторот ќе останат пред италијанците во трките за титула. Падокот е дециден дека во моментов најсилниот мотор на гридот е од Маранело, а причина за тоа се претпоставува дека е иновативниот начин за прибирање и користење на електричната моќ од хибридниот систем.

Возачите кои имаа можност да возат позади болидот на Ферари за време на тркачките викенди сметаат дека нивниот болид е особено доминантен при излезот од кривините.

Нашата брзина и ритам е комбинација од неколку работи. Имаме пристоен болид, постојано го подобруваме и многу зависи од чувството за гумите, за моторот за шасијата, комбинација од сите тие работи.

Јасно е дека некои патеки се подобри за нас од други, некои услови повеќе ни одговараат од други, но пристојни сме насекаде. Мислам дека многу работи од мозаикот ќе се наместат на вистинско место – смета Раиконен.

Иако периодот по летната пауза е побавен за развојот на болидите затоа што сите делумно ќе се насочат кон болидите за следната сезона, Кими смета дека “црвените“ нема така да се откажат од враќањето на титула во своите витрини.

Сеуште има работи кои можеме да ги подобриме како екипа и тоа никогаш нема да престане. Не е важно, дури и кога победувате на трки сакате да се подобрите. Ова е таков спорт кој никогаш нема да престане да се развива.


Кими до Мерцедес: Моторот не ни е единствена придобивка

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>