Кими ги почнал преговорите со Заубер во Монца

182

Кими Раиконен ги започнал преговорите за враќање во неговиот прв Формула 1 тим, швајцарски Заубер откако дознал дека ќе го загуби своето место во Ферари за време на претходниот тркачки викенд на Монца. Првакот од 2007 година по втор пат е во Маранело, но “црвените“ се одлучија да го заменат за Шарл Леклер следната година. 38-годишниот финец дебитираше за Заубер во 2001 година.

Знаев дека ќе го загубам местото, а познавав и луѓе во Заубер од минатото така што почнавме да преговараме по трката во Италија. Не велам дека секогаш било моја желба да се вратам онаму каде што почнав. Секако дека никогаш не знаете што може да се случи и немало долгорочни планови дека јас ќе се вратам еден ден во екипата – изјави Кими.

Финецот истакна дека е свесен за перформансите на неговиот нов тим споредено со оние на Ферари.

Отидов затоа што сакав да одам, зошто новинарите сакаат да искомплицираат се? Не можам да ви кажам ништо повеќе од тоа и не можам да кажам ништо повеќе за перформансите на Заубер освен тоа што се гледа од местото каде ги завршуваат трките.

Не знам што ќе се случи, никој не знае што ќе се случи следната година и не ми е важно што мислат другите се додека сум јас среќен и си имам причини за тоа.

Шпекулациит изминатите неколку денови велеа и дека освен како возач, тој ќе купи и удел во Формула 1 екипата, но демантот следува.

Потпишав договор како возач и така и ќе остане. Но, по две години кој може со сигурност да каже што ќе се случи. Шпекулации секогаш постојат, но нема никаков договор околу купување на тимот.

Финецот во својата богада кариера има 284 трки, победи на 20 од нив, а се искачи на вкупно 100 подиуми. Ако продолжи да се трка и следнит едве години ќе го собори рекордот на Рубенс Баричело за најмногу стартови на Гранд При.

Формула 1 ми дава можност да се тркам и тоа е најдобриот дел од викендот. Искрено, секогаш сум велел дека ќе престанам кога ќе сметам дека е вистинско време за тоа. Сакам да се тркам и поради тоа сум тука – заврши Кими.


Booking.com

Кими ги почнал преговорите со Заубер во Монца

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>