Извршниот директор на Либерти Медиа, Чејс Кери, ги обвинува преносите кои се плаќаат за падот на ТВ гледаноста во Формула 1 годинава.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Просечниот број на гледачи во 2018 година е паднат 4 проценти споредено со 2017 година, нешто што Либерти Медија го потврди при објава на заработувачката по вториот квартал.

На почетокот на годинава, во Италија се воведе платен Pay-Per-View телевизиски пренос на Формула 1, откако Sky Sports ги превзеде правата за пренос во земјата. Оваа година исто така завршува договорот на Channel 4 во Велика Британија и од 2019 година, Sky Sports F1 ќе ги има ексклузивните права и на островот повеќе нема да има бесплатни трки.

Чејс Кери вели дека промената во Италија е главната причина зошто бројот на телевизиски гледачи опаднал од минатата година.

Ова е поради промената во Италија кон pay-per-view пренос. Со исклучок на Италија, нашата гледаност е порасната за 3 проценти од година во година, а гледаноста во квалификациите е зголемена уште повеќе.

Во САД и Кина гледаноста е значително зголемена. Фановите реагираат позитивно на нашите подобрувања во камерите, звукот, графиката и други елементи во преносот, но имаме и дополнителни подобрувања планирани во иднина.

69 проценти од нашите фанови велат дека ТВ преносот на Формула 1 е подобрен, додека 13 проценти велат дека се влошил – изјави Кери.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.