Кери: 2019 нема да го подобри претекнувањето

106

Извршниот директор на Формула 1, Чејс Кери, признава дека планираните промени во аеродинамиката за 2019 година нема да го решат проблемот со претекнувањето. Промени во дизајнот на предните крила ќе бидат имплементирани со цел да се забават болидите, но како резултат ќе доведат до повеќе акција на патеката.

Моменталните болиди се речиси невозможни за следење поради големата количина на потисна сила. На првата трка во Австралија имаше само 5 претекнувања, а Ферари и Мерцедес беа меѓу првите подржувачи на промени.

Ред Бул се критичари на предлогот, додека неколку од главните возачи во спортот се жалат што не биле инволвирани во процесот на подобрување.

Себастијан Ветел, Луис Хамилтон и Даниел Рикардо, сите ја критикуваа Либерти Медиа за недостатокот на желба да го искористи мислењето на звездите на спортот, додека Ветел истакна дека “игрите“ на Формула 1 околу аеро правилата се комични.

Кери истакна дека модификациите се наменети да ја зголемат конкурентноста во спортот, но признава дека промените нема да бидат толку очигледни.

Претекнувањето е очигледно проблем и знам дека промените кои ги планираме за 2019 година не се целосно решение, тие се само чекор. Промените од 2021 година ќе бидат позначителни.

Повеќе се насочуваме кон аеродинамични промени. Не сакаме да го изгубиме аеродинамичниот спектакл што ги прави болидите спектакуларни, но мора да превземеме нешто за да го подобриме претекнувањето.

Но тоа не е единствениот проблем. Постојат многу работи кои ги превземаме и кои ќе донесат поголем баланс, повеќе акција на патеката и непредвидливост. Предвидливоста не е добра во спортот. Го сакаме неочекуваното. Сакаме моменти кои ќе ги паметиме, а не сме свесни дека следуваат. Сакаме послабите да победуваат. Сакаме да се случуваат сите тие нешта – изјави Кери.


Кери: 2019 нема да го подобри претекнувањето

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>