Чејс верува дека Формула 1 може да привлече нови производители и покрај тоа што не ги проведоа големите промени во правилата од 2021 година.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Првичната идеја беше со големи промени на правилата од 2021 година да се привлечат нови производители кои би можеле полесно и поефтино да развиваат мотори и да бидат многу брзо до водечките производители во спортот. Но, тие планови во моментов се стопирани, а предлог е компромис и останување многу блиску до денешните правила.

сакаме да се осигураме дека ќе продолжиме со хибридни мотори кои се релевантни за денешницата и да останеме на врво на пирамидата во однос на технологијата како врвот на моторспортот. дел од тоа треба да биде и привлекување на нови производители. бордот се сложи дека сме го одбрале вистинскиот пат за да се движиме по него наместо да создаваме целосно нов – смета Кери.

Главниот извршен директор, Чејс Кери, смета дека стабилноста е важен фактор со кој ќе се привлекуваат нови производители.

пред една година повеќе размислувавме за значителна промена на моторот. како што се водеа преговорите со сите тимови, се согласивме дека вистинска насока е стабилиирање на постоечките мотори и созревање на спортските и технички правила за подобро натпреварување како и решавање на некои економски проблеми. дали ќе имаме нов мотор и сите ќе почнат одново мора да се земад во предвид последиците кои одат со тоа.

Чејс смета дека ограничување на динамометарот на сличен начин како што се изедначува користењето на воздушниот тунел е начин да се контролира развојната трка.

нешто на кое што размислувавме е времето за тестирање на динамометарот, тоа е време за тестирање и е доста скапо. треба да решиме колку време и пари ќе бидат дозволени за тоа како и листа други подобрувања кои се важни за да се направат моторите покомплетни и атрактивни – заврши кери.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.