Главниот извршен директор на Формула 1, Чејс Кери, вели дека спортот силно напредувал откако Либерти Медиа ја превземале контролата на крајот од 2016 година. Американците се стремат да го подобрат шоуто на патеката и надвор од неа, направија доста промени, но Кери најави уште.

Прерано е да се слави. Знам дека сме на вистинска патека да го подобриме шоуто на патеката  и надвор од неа, видовме неколку навистина добри и конкурентни трки сезонава – појасни американецот во своето интервју за Gazzetta dello Sport.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Доказ дека спортот се движи во вистинска насока се и цифрите за посетеноста на трките и гледаноста на спортот преку телевизија кои се во пораст.

Интересно е што во Германија луѓето му приоѓаа и ми кажуваа дека Формула 1 е поинтересна одошто пред две години. Имаше многу посета таму, а Формула 1 треба да биде за херои кои ги разгоруваат фантазиите, слично како во филмовите.

Имаме силни брендови и важни екипи, но на крајот возачите мора да бидат главни. Макс Верстапен е херој поради својот начин на возење, а тоа ги импресионира луѓето.

Во врска со хероите, Кери се надева дека повеќе млад талент ќе стане дел од спортот, а Мик Шумахер, син на Формула 1 легенда секако дека ќе го зголеми интересот на спортот, особено во неговата родна Германија.

Улогата на Михаел Шумахер сеуште е огромна во Формула 1 деновиве, тој беше и остана икона на овој спорт. Треба да им биде полесно на младите возачи д дојдат во Формула 1, а доаѓањето на Мик би било особена можност.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.