Главниот извршен директор на Формула , Чејс , изјави дека јавните критики на промотерите на тркачките викенди се чудни за него, најмногу поради тоа што истите дошле само еден ден пред закажаниот состанок.

Либерти беа критикувани од страна на здружените од 16 промотори на трки, а организаторите во Русија и Мексико веднаш се дистанцираа од соопштението. Промотерите не се задоволни од губењето на бесплатните прености, големите суми кои ги плаќаат во спортот за организација на трки како и нејаснотија околу новите правила од 2021 година.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Кери појасни дека сите три теми биле разработени и дискутирани на состанокот кој го имале со промотерите следниот ден, но никој не бил загрижен за тоа, туку истите само биле дел од соопштението, што по Чејс е малку чудно.

мислам дека целата ситуација е чудна затоа шо соопштението дојде само еден ден пред состанокот. имавме договорено да разговараме за иницијативите, но некои момци составија соопштениет за медиумите велејќи дека тоа се отворени теми. тоа е чудно – откри кери.

Својата изјва американецот ја даде од Азербејџан каде потпиша продолжување на договорот за градската трка во Баку која ќе остане дел од календарот барем до 2023 година. Годинава продолжување на договорите веќе добија Белгија, Кина, Германија, Јапонија и Сингапур, а последната година од договорот ја одработуваат Велика Британија, Италија, Шпанија, Германија и Мексико, трки чии договори истекуваат во 2019 година.

имавме огромна поддршка од големо мнозинство од организаторите и тие многу го ценат она што го работиме. фактот дека некои од нив сакаа само да се жалат е дел од животот, но тоа нема да го промени тоа што го работиме.

тие веруваат во спортот, веруваат дека формула 1 многу подобра од пореано, од пред неколку години и дека се движи во вистинска насока.

За следната година веќе е договорено да се организира нова трка во главниот град на Виетнам, а нов настан се планира и во САД односно во Мајами. Главниот извршен директор не сакаше да открива никакви детали околу моменталните преговори кои се водат со постоечките организатори.

ќе разговараме за тоа кога ќе завршиме со преговорите. во овој спорт како сите да сакаат прво да зборуваат, а потоа да направат нешто. имаме проблеми со кои прво треба да се соочиме и да ги решиме, но некои се агресвни и сакаат на тој начин да го задржат своето место во календарот.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.