Тото Волф, призна дека Чејс Кери и Шон Брачес ги убедиле Мерцедес да ја поддржат трката во Германија следната година. “Сребрените“ ќе бидат главни спонзори на настанот следната година откако Хокенхајм доби едногодишно продолжување на договорот со Формула 1.

Волф секогаш потенцирал дека Мерцедес ќе се вклучи во промоцијата и поддршката на нивната домашна трка, но овој пат компанијата ќе биде многу повеќе вклучена.

Во Хокенхајм во Недела наутро некои од членовите на Бордот на Мерцедес имаа состанок со Чејс и Шон кој го презентриаа нивниот план.

Трибините на трката беа полни, на патеката имаше вистинска акција, публиката беше задоволна и ние бевме замолени дали може да го премостиме финансискиот недостаток на организаторите.

Штом заминаа ние размислувавме имавме интерни преговори во текот на летната пауза и потоа Бордот одлучи да го поддржи Германското Гранд При – открива Волф.

Австриецот откри дека компанијата ќе анализира како ќе мине трката следната година пред да се обврзе на долгорочна поддршка на тркачкиот настан.

Треба да најдеме начин како најдобро да се активираме на Германското Гранд При следната година и како да го направиме најзабавно за фановите, за Мерцедес и за Формула 1. Ќе се обидеме да приредиме добро шоу, ќе покажеме наши автомобили и потоа ќе одлучиме дали е тоа добро за нас и дали ќе продолжиме и понатаму.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.