Кери инсистира на повеќе трки во Кина и САД

75

Главниот извршен директор на Формула 1, Чејс Кери, верува дека САД и Кина треба да се застапени со повеќе од една трка на Формула 1 календарот затоа што се огромни економии и големи земји.

Во своето обраќање на ФИА спортската конференција каде зборуваше за Кина и САД, тој откри дека сеуште се преговара за евентуално тркање во Мајами.

Во моментов се надеваме дека ќе внесеме втора трка во Америка на календарот. Мислам дека земја од таков обем мора да добие втора трка.

Фокусот е да се осигураме дека настаните кои ги имаме ќе станат најсилни што може да бидат, така што целиме на квалитет, а не на квантитет – појасни Чејс.

Во историјата имало и години кога болидите по три пати се тркале во Америка, но Чејс не ја заборава и Кина каде сака да го зголеми присуството.

Кина и САД се двете најголеми економии во светот и тоа се места каде има огромен потенцијал за оваа тркачка серија, воопшто за спорт.


Booking.com

Кери инсистира на повеќе трки во Кина и САД

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>