Извршниот директор на Формула 1, Чејс Кери, вели дека иднината на Британското Гранд При по 2019 година зависи целосно од исходот од моменталните преговори помеѓу Либерти Медиа и Силверстон.

По активација на клаузулата за раскинување на договорот од страна на БРДЦ во 2017 година, патеката во Британија е во својата последна година од договорот со Формула 1. Сопствениците на Силверстон, БРДЦ, се надеваат на продолжување на Гранд При-то, но само доколку добијат поволни финансиски услови, нешто што не изгледа прифатливо за Либерти Медиа.

Силверстон е вредна трка. Цениме колку истата значи за фановите. Преговараме со нив да видиме што носи иднината.

Во овој спорт очигледно сите сакаат да разговараат јавно, пред да се состанат приватно. Се обидуваме со спротивна насока, да разговараме приватно, а потоа да се обратиме до јавноста со постигнатото.

Ќе продолжиме со тоа што мислиме дека е правилно, но дефинитивно преговараме со Силверстон – изјави Кери.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.