Главниот извршен директор на Формула 1, Чејс , ги отфрли критиките предизвикани од влезот на Виетнам во Формула 1 календарот и смета дека во Ханои ќе има многу возбуда.

Големата награда на Виетнам ќе се одржи во главниот град на најбрзо растечката економија во Азија од 2020 година, но критиките се насочени кон тоа дека земјата нема никаква моторспорт култура, историја и наследство.

Минатата недела, Здружението на промотерите на Формула 1 трките изрази загриженост околу влезот на нови трки во календарот, по цена постоечките да престанат да бидат дел од врвот на моторспортот.

секако дека не притискаме за нови трки по цена старите да исчезнат. реалноста е дека ги обновивме сите договори кои истекуваа откако го превземавме раководењето со спортот, а малезија беше единствена чиј договор не го обновивме, но таков беше взаемниот интерес.

ние сакаме долгорочна соработка и мислам дека е важно да се донесе и свежина и нова енергија во спортот. виетнам е нова трка која ќе биде одлична и мислам дека е возбудливо да се види како ќе ја примат фановите низ светот.

сакаме да бидеме на некои пазари на кои не сме присутни затоа што гледаме одредени можности таму, но има и пазари на кои сме присутни, но на начин на кој сакаме да бидеме. во америка го имаме тексас, но сакаме повеќе.

секако дека ги цениме нашите постојни партнери и најголем дел од нашите соработки се долгорочни така што очекувам така и да продолжат. мислам дека е важно да се искористи и можноста да се додаваат нови настани и трки – смета кери.

Либерти е во потрага по нови можности, откако 5 трки од сегашниот календар (Силверстон, Монца, Барселона, Хокенхајм и Мексико) се без договор по крајот на оваа година. Чејс откри дека преговорите со организаторите на тие трки се во тек, но не сакаше да навлегува во детали.

како што реков во минатото, разговараме со нив да видиме што може да се направи. во овој спорт како на прво место да се разговори, а потоа останатото. сепак, се работи за комплицирани зделки кои треба да се склучат и ќе видиме како ќе испадне целата работа.

имаме проблеми кои треба да ги решиме, а имаме и агресивни луѓе кои сакаат да станат дел од календарот, но празни места речиси и да нема.

не би сакал да навлегувам во детали, во овој момент дискусиите се затворени помеѓу нас и промотерите, но силверстон одбра тоа да биде јавно. ние сакаме се да работиме во мир, тишина и зад затворени врати.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.