Даниил Квјат ќе се врати во болиот на Торо Росо уште сезонава за време на пост-сезонскиот кои тимовите ќе го одработат за Пирели во Абу Даби, по крајот на последната трка од календарот.

Русинот повторно е вратен во јуниорскиот тим на Ред Бул од каде беше отпуштен лани, а сезонава ја мина во симулаторот на ферари. 2019 година ќе биде трета шанса за Квјат во Фаенца.

секој километар кој ќе го направи со болидот е добар за него. намерата е да му дадеме шанса да ги проба новите гуми и да добие слика за болидот, разликите во пакетот и аеродинамиката. како и да е, секогаш е добро да се вози – најави франц тост, шефот на екипата.

Тестот во Абу Даби е последна шанса за тестирање пред првиот предсезонски тест во Февруари 2019 година во Барселона. Очекувањата се Ленс Строл да тестира за форс Индија, Шарл Леклер за Ферари, а Кими Раиконен за Заубер, екипите каде ќе возат догодина.

Даниил Квјат како тест возач на Ферари имаше тестирање со нивниот болид за Пирели во Фиорано на мокра патека, а неговата последна трка беше Американското Гранд При во 2017 година.

Во Фаенца сеуште не е потврден вториот возач, иако најсериозен кандидат за тоа место е Формула 2 возачот Александер Албон.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.