Даниил Квјат е на врвот на листата на кандидати за место во Торо Росо а според некои извори веќе има потпишан договор со тимот.

Пјер Гасли ќе замине во сениорскиот тим Ред Бул на местото на Даниел Рикардо, а иднината на Брендон Хартли во Торо Росо не е сигурна.

Бидејќи јуниорската програма нема доволно кандидати, Ред Бул размислуваа за повеќе опции вклучувајќи го и Ландо Норис.

Еден од проблемите е што другите кандидати се поврзани со други тимови.

Иако минатата година во текот на сезоната беше исфрлен од Торо РОсо пред трката во Америка, тој се приклучи на Ферари како возач во симулатор и работеше во фабриката во текот на викендите.

Во Ред Бул се надеваат дека Квјат се подобри со паузата што ја имал откако го загуби местото во Ред Бул од Макс Верстапен.

Халмут Марко не го потврдува Квјат како фаворит но изјави дека има некаква можност.

Мислам дека е созреан, но не брзаме со Торо Росо. Ќе ги решиме нашите проблеми. Имаме голема листа со имиња, но ќе видиме. Не сме нестрпливи за да земеме возач на Мерцедес.

Ред Бул имаат разговарано со Ферари за Антонио Џовинаци, но Марко изјави дека тој веќе не е достапен што ги потврдува гласините за Леклер во Ферари и ослободено место во Заубер.

Мислам дека Џовинаци ќе оди на друго место.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.