Даниил Квјат изгледаше сосема во форма при неговото враќање во Торо Росо и тој посочи дека имал самодоверба од самиот почеток на тестот во Абу Даби.

Квјат се подготвува за неговиот трет обид во Формула 1 со Торо Росо, откако се тркаше со нив во 2014 година, како и од средината на 2016 до 2017 година. Русинот беше отпуштен од Торо Росо по трката во САД во 2017 годиан, а тестот во Абу Даби беше негово прво возење на патеката по тој настан.

Квјат ја помина 2018 година како развоен возач на Ферари, иако времето на патека беше лимитирано само на еден тест со Пирели. Русинот помина 155 кругови со Торо Росо на вториот ден од тестот во Абу Даби со најдобро време од 1:38.862, доволно за осмо место.

Мислам дека ова беше многу позитивно и добар ден бидејќи поминавме 155 кругови, што е околу 3 Гранд При трки. Ако сум искрен, се чувствувам удобно и убеден од самиот почеток, што е одлично.

Тоа што е важно за денес е што успеавме да тестираме повеќе пневматици за наредната година, собравме многу корисни информации за тимот.

Одлично е што се вратив назад и навистина одвај чекам на наредната сезона – изјави Квјат.

Колега на Квјат ќе биде Александер Алон, откако тимот потврди дека тој ќе го замени Брендон Хартли.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.