Франц , шефот на Торо Росо, откри дека тимот и Даниил меѓусебно загубиле доверба во текот на претходниот заеднички период.

Русинот се враќа во Фаенца следната година откако беше отпуштен од тимот кон крајот на минатата година, откако претходната година беше уназаден од Ред Бул во Торо Росо за да направи место за Макс Верстапен. Екипата како негова замена го донесе Брендон Хартли. по што Дани замина да биде тест возач и возач во симулатор на Ферари. Најсериозен кандидат за негова колега догодина е Александер Албон од Формула 1.

тој е добредојден затоа што го цениме како одличен возач, но на крајот на минатиот престој не испадна како што очекувавме. имаше многу судари, болидот не беше многу конкурентен така што и за него стана многу тешко.

беше тешка одлука да се ослободиме од него минатата година, но мислам дека одлуката беше исправна затоа што сметам дека двете страни загубија доверба. даниил не беше среќен од нашата работа на некои трки, не доаѓаше успехот како што тој очекуваше и разделбата беше неминовна – објасни франц тост.

Австрискиот тимски шеф смета дека Квјат заслужува нова шанса како Формула 1 возач откако сезонава ја мина тестирајќи и работејќи во симулаторот во Маранело.

квјат има нешто незавршено во формула 1, добива нова шанса и се надевам дека оваа ќе ја искористи. заслужува да биде во формула 1, многу е брз и сметам дека една годиан пауза ќе му помогне да го покаже својот вистински талент и својата брзина. Ако му дадеме соодветен болид убеден сум дека ќе ни донесе одлични резултати.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.