Даниил ги остава разочарувањата од Шангај зад себе и продолжува кон Баку каде возачот на Торо Росо е решен да даде се од себе.

Русинот во Кина беше казнет по стартот за сударот со двата болиди на Мекларен, доби казна од минување низ бокс, по што не можеше да се врати во поени, а потоа и се откажа.

моето мислење околу казната по првиот круг не е променето, но тоа е готово, зад мене и одам кон напред и гледам кон баку. размислување за тоа што се случи и дискутирање на таа тема нема да промени ништо.

позитивно е тоа што во кина бев многу задоволен од брзината на квалификациите и на трката. треба да продолжиме да работиме силно, да не се обесхрабруваме и резултатите ќе дојдат – оптимист е дани.

Последните две трки низ главниот град на Азербејџан Квјат не ги заврши.

баку е убава патека поради тша то нуди многу предизвици и има по малку од се, поради што сакам да се тркам таму.

се работи за долга патека со многу долг рправец, но и многу кривини што ја прави возбудлива за тркање и би требало да биде добра можност за нас.

возбудата доаѓа од сите тие ѕидови кои се многу блиску до патеката што ни дава вистинска адреналинска треска. има многу можности за претекнување и долг правец каде може да се борите.

интересна патека, но и бара многу од возачот и болидот, а се вози со малку помала потисна сила одошто на вообичаена улична патека.

кочењето исто така е предизвик и мора да го имате и тој дел под контрола, особено во пресрет на првата кривина каде се доаѓа со многу голема брзина. ви треба прецизност со кочењето, а јас ќе дадам се од себе – заврши квјат.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.