Даниил смета дека со своето враќање на Формула 1 гридот докажал дека човек не треба да се откажува и да губи надеж, откако во 2017 година беше отпуштен од страна на тимот во кој сезонава се враќа.

Русинот се враќа по една година надвор од спортот откако лани мина во Ферари работејќи во симулаторот во Маранело. Неговата кариера изгледаше завршена откако во Фаенца не му дозволија нити да ја комплетира 2017 година, но повторно го повикаа и сезонава ќе вози крај дебитантот Александер Албон.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Квјат е пресреќен што се вратил во тимот откако уживал во работата со Ферари лани, што му помогнало да остане во контакт со Формула 1.

да кажеме дека се чувствувам одлично што се вратив и што токажав дека никогаш нема откажување. лани уживав во моето време со ферари што ми помогна и ме задржа во форма, но останав и вклучен во се што се случува во формула 1 од техничка гледна точка – изјави квјат при денешната промоција на болидот на .

Русинот имаше импресивен почеток на својата Формула 1 кариера во 2014 година преку Торо Росо и поради тоа уште следната 2015 година беше прекомандуван во Ред Бул. Но, по 4 трки следната 2016 година беше вратен за да направи место за Макс Верстапен, а кариерата по враќањето во Торо Росо му се движеше надоле. Тој смета дека сега е променет и многу позрел од порано.

не сакам да кажам дали сум се променил многу или не, но знам дека имаше многу шпекулации во врска со тоа, дали сум созреал и слично, но јас би сакал да кажам се на патеката. единствено сакам да влезам во болидот и да видам што ќе се случи. ни петстои многу работа и четири денови во барселона пред да почнам да се тркам. тестот е многу важен за сите.

СТР14 ќе биде првиот болид кој Квјат и Албон ќе го возат со мотор на Хонда во Формула 1 откако Дани ја мина својата досегашна кариера во врвот на моторспортот возејќи мотори на Рено, а во 2016 година возеше и со стар агрегат на Ферари. Откако ја видел мотивацијата на инженерите на Хонда, тој е сигурен дека ќе има силен мотор на располагање.

следам како работат и дефинитивно се страшно мотивирани. притискаат со цела сила и работат навистина напорно за да дадат максимално силен мотор, а тоа е тоа што на тимот му е потребно. се додека работиме како едно и се мотивираме меѓусебно ќе бидеме силни.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.