Квјат благодарен на Ферари

346
   

По една година помината во Маранело кај Ферари, Даниил Квјат им се заблагодарува на неговите работодавци што веруваа во него.

За време на трката во Русија беше објавено дека Квјат се враќа во тимот каде возеше низ својата Формула 1 кариера, во Торо Росо. Младиот возач беше дел од Фаенца во 2014 година, беше унапреден во Ред Бул следната година, а потоа повторно вратен во јуниорскиог погон на местото на Макс Верстапен. Кон крајот на минатата сезона беше целосно избркан од Торо Росо по што Ферари го земаа како возач за во нивниот симулатор.

Навистина сум благодарен за можноста која ја добив, благодарен сум на Ред Бул и на Ферари. Беше одлично да се рабти во Маранело и имав шанса да си ја повратам самодовербата и да се смирам.

Одбрав да бидам развоен возач цела година и задоволен сум од тоа како се одвиваа работите. Благодарен сум на Ферари и Маурицио Аривабене кој многу ме поддржуваше и ми помагаше. Од времето во симулаторот знам дека многу им поминав со развојот во текот на тркачките викенди и уживав во таа работа. Но, сега е време да се тркам и пресреќн сум што повторно добивам можност за тоа – откри Квјат.

Во своето интервју за официјалниот Формула 1 вебсајт, тој беше запрашан дали се чувствува подобро ментално и подготвено за трка.

Дали сум во подобра позиција е тешко да кажам, но се чувствувам многу позитивно. Многу е важно да бидам во добра ментална состојба и на тоа се фокусирав цела година.

Подемите и падовите се дел од кариерата на секој спортист затоа што кариерата никогаш не е права линија кон врвот. Треба да поминете и низ тешки периоди и да ги пребродите. Ова ќе биде нов предизвик и јас сум нетрпелив. Предизвик ќе биде да извадам максмум од себе и болидот. Ќе се тркам следната година и сакам да го направам тоа најдобро што можам – појасни Дани.

За крај Квјат истакна дека е задоволен од својот нов договор и од понудените услови, иако сеуште не знае кој ќе му биде колега догодина.


Квјат благодарен на Ферари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>