Луис Хамилтон стигна до 200та пол позиција за британец во Формула 1, негова 79та во кариерата и 4та во Сингапур по што се изендачи со Себастијан Ветел. Воедно 156то најдобро стартно место за Мерцедес во нивната историја и 3та пол позиција во Сингапур.

Крај актуелниот првак трката ќе ја почне Макс Верстапен, Себастијан Ветел и Валтери Ботас зад нив, Раиконен и Рикардо од 3от ред.

По првите 18 минути кружење по Марина Беј, Даниел Рикардо постави најбрзо време за 65 илјадитинки побрзо од она што го извозе Себастијан Ветел од Ферари. Интересно, Валтери Ботас 12ти, Луис Хамилтон 14ти, но тие користеа потврда компонента од останатите, побавниот ултрасофт.

Најбавни во овој квалификациски сегмент беа возачите на Вилијамс кои ќе почнат од последниот ред со повеќе од 3 секунди заостаток. Претпоследниот ред го заслужија Брендон Хартли од Торо Росо и Стофел Вандон од Вилијамс кои имаа за околу 1,7 секунди побавно време од водечкото. Најнесреќен беше Кевин Магнусен од Хаас кој за само 3 стотинки не мина во следниот квалификациски сегмент.

Ферари имаа прв обид на ултрасофт со цел да ја почнат утрешната трка на потврдата компонента, но тоа не им успеа и мораа да променат на хиперсофт. “Црвените“ променија гуми, а Кими постави најбрз круг.

Пјер Гасли најбавен во вторите 15 минути со 2,5 секунди заостаток. Седмиот ред резервиран за возачите на заубер, Леклер 13ти пат годинава побрз од Маркус Ериксон на квалификациите. 12то време постави Карлос Саинз кој ќе стартувва до својот земјак Фернандо Алонсо кого ќе го менува следната година во Мекларен. Интересно, во своите изјави по петочнтие сесии, Нандо како да го посакуваше тоа 11то место поради слободниот избор на гуми.

По првата серија летечки кругови во последните 12 минути, Луис Хамилтон имаше неверојатен круг од 1 минута и 36 секунди, Макс Верстапен имаше второ време, Ветел беше 3ти, пред Ботас, Кими и Даниел Рикардо. По втората серија летечки кругови никој не ја промени позицијата.

Четвртиот стартен ред ќе го пополнат Серхио Перез од Форс Индија и Роман Гросжан од Хаас, додека најбавни во К3 беа Естебан Окон и Нико Хулкенберг.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.