Луис Хамилтон ја освои својата 82ра пол позиција во кариерата, но многу понитересно 100та за Мерцедес во нивната Формула 1 историја, а воедно и 3ти пол за британецот во Бразил и 5ти за “сребрените стрели“.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Првиот квалификациски сегмент започна под густи облаци и можност за дожд поради што сите возачи побрзаа на патеката да постават време по сув асфалт.

По првите 18 минути, Макс Верстапен имаше најбрзо време пред двата болиди на Ферари кои имаа идентично време и заостанаа за 1/4 од секундата зад него.

Најнесреќен беше Карлос Саинз кој со своето Рено за само 5 илјадити делови од секундата беше побавен од Естебан Окон и поради таа ситница не мина во К2. Прва К3 елминиација за шпанецот годинава. Брендон Хартли беше побавен од Саинз за само стотинка и ќе статтува крај него од 8от ред односно 17то место. Следуваше Фернандо Алонсо кој беше 18и, побрз за две десетинки од својот колега кој губи од Нандо на квалификации по 25ти пат по ред. Нив ги раздели Ленс Строл со Вилијамс во сесија во која неговиот колега беше две десетинки побрз, доволно да мине во К2.

Дождот уште не врнеше соодветно, така што сите се решија вторите 15 минути да ги започнат на мазни гуми за суво време, но само Ферари се коцкаше и за разлика од остатокот на гридот кои возеа на црвениот суперсофт, италијанците својот прв обид го имаа на жолтиот софт. Успејаа да постават одлично време, да бидат единствени со софт во топ 10 и тоа е огромна предност за нив утре, доколку се разбира има сува трка.

Во овој среден квалификациски сегмент Луис Хамилтон направи две грешки, најпрви го блокираше Кими Раиконен кој зад него беше на летечки круг на правецот по есовите на Сена, а на крајот на истиот круг премногу забави подготвувајќи се за својот круг и целосно го блокираше обидот на Сергеј Сироткин кој за среќа не заврши во него.

Шарл Леклер беше човекот на последниот дел од сесијата затоа што Шарл Леклер побара и доби уште еден круг од Заубер, круг во кој и покрај тоа што половина патека беше мокра, го подобри своето време и од 11то место стигна до 8мо, исфрлајќи го Кевин Магнусен од топ 10.

Кевин Магнусен овој пат најнесреќен затоа што за половина десетинка отпадна од К3. Зад него беа двата болиди на Форс Индија, Перез пред Окон, но французинот има казна од 5 позиции во пресрет на стартот. Од подобрата позиција во 7от ред ќе почне Нико Хулкенберг додека Сергеј Сироткин имаше неконкурентно време откако Луис Хамилтон му го уништи кругот.

По првата серија летечки кругови, Хамилтон 7 десетинки пред Фетел, а Ботас и Кими зад нив. Следуваа Ред Бул, а зад нив, изненадувачи, Заубер.

Во втората серија летечки кругови, само Луис Хамилтон го подобри своето време за 2 стотинки и ќе стартува од првиот ред пред Фетел. Со последниот круг, Луис го подобри рекордот на патеката кој го постави во својот прв квалификациски обид. Ботас и Раиконен, финското дуо ќе тргне од вториот ред откако заостанаа помалку од две десетинки, а Верстапен и Рикардо ќе го окупираат третиот ред со заостаток од половина секунда.

Маркус Ериксон, како ретко кога, побез за 2 десетинки од Шарл Леклер и ќе стартува од 7мо место пред својот колега, додека Гросжан и Гасли беа најбавни во К3.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.