Квалификациите ќе бидат клучни, смета Волф

169

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, смета дека квалификациите на следните две трки (Шпанија и Монако) ќе бидат од клучно значење поради природата на патеките кои не дозволуваат многу претекнување. Сезонава “сребрените“ имаат само една пол позиција на 4те одржани трки, истата освоена од страна на Луис Хамилтон во Австралија, додека останатите три ги освои германецот Ветел.

По возбудливиот старт на 2018 година одиме на Европскиот дел од сезоната со трки како Шпанија и Монако следна на календарот, патеки кои се сосема поразличен предизвик од претходно возените. Претекнувањето во Барселона е тешко, а во Монако речиси невозможно, така што квалификациите се клучни за добар резултат. Поради тоа, секоја екипа работи за максимизирање на перформансите во Сабота.

Европската турнеја е моментот кога екипите почнуваат да носат поголеми подобрувања на своите болиди. Почнува првиот чекор од развојната трка која ќе се одвива се до самиот крај на првенството. Ќе биде интересно да се види колку ќе успеат да “ќарат“ екипите со подобрувањата и дали истите ќе го променат поредокот – објасни Волф во пресрет на Шпанското Гранд При.

“Сребрените“ доаѓаат во Барселона откако триумфираа во Азербејџан по пауза од 4 трки без победа, но го загубија водството во генералниот поредок.

Имаме мешани чувства за Барселона, незавршена трка со два болиди во 2016 година, но и драматична победа за Луис лани откако го мина Себастијан Ветел на патеката. Се надеваме дека годинава ќе биде добра трка за нас, но знаеме дека ќе биде многу тешко. Првите четири трки покажаа дека три екипи ќе се борат за титула до самиот крај.


Квалификациите ќе бидат клучни, смета Волф

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>