Катарската телевизија beIN Sports објави дека одлучиле да не го продолжуваат договоро за пренос на Формула 1 трките на Средниот Исток и Северна Африка поради пратеријата која владее во тој регион.

Блумберг објави дека претходниот петгодишен договор истекол на крајот на минатата сезона, а истиот “тежел“ околу 30-40 милиони американски долари годишно. Таа сума претставува околу 7% од вкупните приходи од телевизиски права кои ги генерира тркачката серија.

Беин спортс ги има правата и за англиската фудбалска Премиер лига и останатите најголеми фудбалски лиги и големи турнири, но многу често апелира да бидат прземени законски мерки во Саудиска Арабија поради нелегалните преноси во тој регион.

Телевизискиот канал BeoutQ кој постои од 2017 година откако Саудијците и нивните сојузници почнаа дипломатски и трговско ембарго кон Катар обвинувајќи ја малата држава на Голфскиот залив дека поддржува тероризам, нешто што властите во Доха го негираат. BeoutQ е достапна во Саудиска Арабија, но од главниот град Ријат изјавуваат дека телевизијата нее базирана таму и поради тоа не може да се борат против неа, иако сеуште не е јасно кој е сопственик и кој управува со истата.

Беин повеќе од две години апелира дека програмите за кои тие дебело плаќаат, нелегално се пренесуваат во регионот и ја намалуваат нивната заработувачка, така што катарците бараат да плаќаат помалу за Формула 1 правата затоа што не добиваат заштита.

Формула 1 има пребогати трки во тој регион, поточно во емиратот Абу Даби на крајот од првенството и во Бахреин при почетокот на сезоната.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.