Два месеци пред почетокот на овогодишната Голема награда на Канада, локалните власти потрошија 59 милиони долари на нови падок објекти на Автодромот Жил Вилнев, а изградбата треба да биде готова до одржувањето на трката.

Инвестицијата требаше одамна да биде направена затоа што оригиналните објекти датираат од Олимписките игри во 1976 година кои се одржуваа во Монтреал. По 43 години користење, се гради целосно нов комплекс.

Централната Влада на Канада заедно со градот Монтреал помогнаа во финансирање на проектот кој чини околу 59 милиони долари. Новите објекти ќе бидат на три спратови со сите потребни делови согласно строите правила на ФИА за Формула 1.