Канада, Т1: По сите критики, Верстапен најбрз

559

Макс Верстапен го заврши првиот слободен тренинг за Канадското Гранд При на првата позиција, додека Луис Хамилтон ги спречи Ред Бул да стигнат до 1-2 финиш со второто место пред Даниел Рикардо на третата позиција.

Верстапен стигна на челната позиција на 30 минути до крај на сесијта и во тој момент беше половина секунда побрз од Хамилтон. Но Луис исто така ги подобруваше своите времиња по круг за на  крајот да ја намали разликата со холанѓанецот на помалку од 1 десетинка, притоа користејќи ја ултрасофт компонентата. Верстапен од друга страна беше на хиперсофт.

Даниел Рикардо успеа да го подобри своето време користејќи нов сет на хиперсофт пневматици и притоа го симна Валтери Ботас на четвртто место. Во завршницата Ботас загуби уште една позиција од Себастијан Ветел, кој поголемиот дел од Т1 го помина на седмото место.

Кими Раиконен го комплетираше топ 6, додека Фернандо Алонсо го постави својот Мекларен на седмо место.

Во средина на сесијата имаше подолга пауза откако болидот на Нико Хулкенберг застана на патеката, што доведе до извеано црвено знаме. Иако Рено се обидоа да го поправат неговиот болид од боксовите, сепак на крајот Хулк мораше да излезе од болидот и ја помина сесијата со само 3 извозени кругови.

Карлос Саинз од Рено успеа да се пласира во топ 10 на деветта позиција, додека обид за брз круг од Пјер Гасли во самиот крај го доведе исто така во топ 10.

Домашниот миленик, Ленс Строл, беше единствениот возач кој имаше контакт со Ѕидот на Шампионите.

Освен него, сесијата помина без поголеми инциденти до последните неколку минути. Маркус Ериксон се изврте во свиокот 8, Сергеј Сироткин удри во бариерите во свиокот 6, додека Брендон Хартли излета во првиот свиок поради недостаток на потисна сила следејќи болид пред себе.


Канада, Т1: По сите критики, Верстапен најбрз

3 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>