Главниот извршен директор на Ферари, Луи , откри дека во Маранело нема паника и покрај 5та последователна победа во 1-2 стил за нивните конкуренти од МЕрцедес.

Дел од италијанските медиуми пренесоа дека во трофејниот италијански тим владее криза откако новиот мотор и новите аеродинамички делови не им донесоа доближување до Мерцедес во Шпанија.

нема паника. моја работа е да ги спречам гласините од ширење, а работа на тимот е да се консолидира и подобри.

сигурен сум дек матиа биното ќе најде решение. имаме два важни денови за тест и сигурен сум дека брз ќе се вратиме во форма.

немам кристална топка и не можам да кажам кога ќе најдеме решение, но сигурен сум дека тестирањето ќе помогне – изјави камилиери за италијанска La Gazzetta dello Sport.

Сепак, првиот човек на компанијата призна дека и следната трка во Монако може да биде многу тешка за тимот.

има многу тесни и бавни кривини, слично како третиот сектор во барселона каде имавме проблеми цел викенд – најави камилиери.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.