Новиот Главен извршен директор на Ферари, Луис Камилиери, откри дека сеуште немаат донесена никаква одлука во врска со иднината на Кими Раиконен во екипата. Иако се сметаше дека поради блискоста на италијанецот со Кими, многу брзо ќе дојде до нов договор, Луис појасни дека тоа сеуште не е направено.

Сеуште не сме донеле одлука. Штом ја донесеме таа одлука, а не сме врзани со некој рок, веднаш ќе дознаете – се обрати Камилиери на прес конференцијата во Монца.

Тој ја превзема улогата од Серџо Маркионе по неговата смрт и додаде дека во конечната одлука кој ќе му прави друштво на Себастијан Ветел следната година удел ќе има тимскиот шеф Маурицио Аривабене.

Многу добро го познавам Кими, тој ми е драг пријател долго време. Што се однесува до носењето одлуки, тоа се прави тимски. Маурицио е шеф на екипата и на крајот на денот тој ќе донесе одлука по заедничките разговори.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.