Камилиери ги смири заканите за напуштање

258

Новиот Главен извршен директор на Ферари, Луис Камилиери, ги смири најавите за заминување на Скудерија од Формула 1 циркусот и најави дека е убеден оти договор помеѓу италијанската екипа и челниците на спортот може да биде постигнат.

Агресивниот претходник на Камилиери, починатиот Серџо Маркионе, не се сложуваше со насоката во која Либерти сака да го однесе спортот и се закани со напуштање на Ферари на тркачакта серија, но неговиот Луис е многу посмирен и поголем оптимист по тоа прашање.

Камилиери во Монца ја имаше својата прва прес конференција откако ја превзема челната позиција во Маранело, изразувајќи верба дека може да се најде заеднички јазик при преговори.

Во одност на главнит епринципи, ДНК на Формула 1 треба да остане иста, тоа ќе остане кремот на моторспортот, врвот на автомобилската технологија и иновации, но трките ќе бидат конкурентни и возбудливи за фановите за да Формула 1 продолжи да биде одржлива. Мислам дека сите се сложуваат со тие принципи, но како да се стигне до таму е друга работа.

Како што јас гледам на работите има три компоненти за да стигнеме до таму, технички правила, финансиски аспект и раководење. Во еден момент ситетри треба да се спојат.

Јас сум убеде и верувам дека во сечиј интерес е да се најде договор кој ќе одговара на засегнатите страни. Не сум подготвен да кажам повеќе од тоа затоа што никогаш не сум преговарал преку медиумите и не знам да го правам тоа – појасни Камилиери.

Новиот шеф на Скудерија отворено призна дека има различен пристап од неговиот претходник Маркионе, иако смета дека обајцата имаат иста желба да го направат Ферари успешен.

Јасно е дека Серџо и јас имаме различни стилови, но сметам дека имаме иста амбиција и огромна взаемна почит. Јасно сме дискутирале за деловните активности на Ферари и деловните активности на Филип Морис многи, многу пати. Ми недостасува и можам да потврдам дека беше неверојатна личност, огромен мозок, неисцрпна енергија и огреомна амбиција исто како и јас.

Тој призна дека е среќен што може да го остави Ферари да работи по својот веќе зацртан пат за да ја освоји титулата наместо да го менува колку да остави некаков белег.

Јасно е дека тимот има одличен моментум и ја сум среќен да ги предводам по тој пат. Ова е тим, екипа, одлична екипа и не очекувајте да правам големи промени. моја амбиција, како на сите други е тимот да победува, односно да продолжи да победува.

Од страна на новинарите беше запрашан колку од своето време ќе посвети на Формула 1 тимот ако се земе во предвид дека е Главен извршен директор на Ферари, но и Претседател на Филип Морис Инт.

Кога сте извршен директор не може да дадете проценти колку од своето време ќе посветите и на што. Го посветувате неопходното време на се и јас тоа имам намера да го правам. Имаме фантастичен тим, имаме одличен шеф на тимот и луѓе под него, но од друга страна и менаџерскиот тим е на ниво.

Силата на Ферари е на сите нивоа, Ферари е бисер, а моја работа е да се осигурам да продолжиме да сјаеме од сите аспекти – заврши Камилиери.


Камилиери ги смири заканите за напуштање

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>