ГОЛЕМА НАГРАДА НА ШПАНИЈА

ДАТУМ

13 МАЈ

СТАРТ

15:10

ПРВО ГРАНД ПРИ

1991

КРУГОВИ

66

ДОЛЖИНА

4,6 КМ

НАЈБРЗ КРУГ

1:21.670

КАТАЛУЊА

Формула 1 екипите многу добро ја познаваат Circuit de Barcelona-Catalunya (порано позната како Circuit de Catalunya) поради тоа што се тркаат на таа патека од 1991 година, но спроведуваат и чести тестови.

Тоа што патеката е многу пати возена не го намалува предизвикот за возачот и болидот. Сплетот од брзи и бавни свиоци плус абразивниот и нерамен асфалт ја прават физички и механички многу тешка.

Абењето на пневматиците е многу високо, а ветровите кои постојано варираат низ патеката бараат оптимален сетап на болидот, нешто што не е лесно да се најде.

За возачите, свиокот Елф е најдобро место за следење на трката затоа што е едно од неколкуте места за претекнување. За возачите, еден од најголемите предизвици претставуваат последните два свиоци кои се нарекуваат Њу Холанд. Брз излез од нив е клучен за да се постигне што е можно поголема брзина на стартно-целниот правец до свиокот Елф.

Во 2015 година се одржа 25то Шпанско ГП во Барселона. Михаел Шумахер е најуспешниот возач во историјата на патеката со 6 победи. Помеѓу активните возачи, Кими Раиконен, Фернандо Алонсо, Себастијан Ветел, Луис Хамилтон и Фелипе Маса имаат победено таму.

ONBOARD КРУГ

МАПА

Официјалниот календар на Формула 1 првенството за 2018 година. Сите тренинг сесии, квалификации и трка целосно интегрирани во вашиот личен календар според вашето локално време. Превземето го календарот преку следниот линк.