ГОЛЕМА НАГРАДА НА ФРАНЦИЈА

ДАТУМ

24 ЈУНИ

СТАРТ

16:10

ПРВО ГРАНД ПРИ

1971

КРУГОВИ

53

ДОЛЖИНА

5,8 КМ

НАЈБРЗ КРУГ

НЕОДРЕДЕНО

ЛЕ КАСТЕЛЕ

Денешната модерна патека можеби е нова за помладите Ф1 фанови, но Ле Кастеле ја започна својата Ф1 историја во раните 1970-ти, кога за првпат се одржа Француското Гранд При, а истата беше домаќин на уште 13 трки.

Изградена за помалку од 1 година и со консултации од познати возачи како Жан-Пјер Белтос и Анри Пескароло, 5.8 километри долгата Пол Рикар именувана по главниот спонзор, се отвори во Април 1970 година, пред првата Ф1 трка на која што победи Џеки Стујард.

Патеката беше успешна за француски возачи како Рене Арно во 1982 година и Алан Прост, кој победи на истата четири пати, меѓу кои и на последната трка која се одржа на оваа патека во 1990 година.

Со нови сопственици на почетокот на 21 век, патеката Пол Рикар се претвори во високо технолошка патека која се користи за тестови. Нејзината повеќекратна конфигурација е мошне популарна за Ф1 тимовите и истата поставува нови стандард на безбедност, а притоа користи и обоени делови за излетување, наместо песочни предели.

По конструкција на нова главна трибина, вратите беа отворени за одржување на светски првенства во повеќе серии.

Во 2016 година беше потпишан договор за враќање на Француското Гранд При на каледарот, а самата патека претрпе дополнителни промени и подобрување кои ќе овозможат спектакл за фановите.

ONBOARD КРУГ

МАПА

Официјалниот календар на Формула 1 првенството за 2018 година. Сите тренинг сесии, квалификации и трка целосно интегрирани во вашиот личен календар според вашето локално време. Превземето го календарот преку следниот линк.