ГОЛЕМА НАГРАДА НА

РУСИЈА

  • ДАТУМ
    28 - 30 АПРИЛ
  • ПРВО ГРАНД ПРИ
    2014
  • БРОЈ НА КРУГОВИ
    53
  • ДОЛЖИНА НА КРУГ
    5,8 КМ
  • ДОЛЖИНА НА ТРКА
    309 КМ
  • НАЈБРЗ КРУГ
    1:39.094

СОЧИ

Патеката во Сочи е лоцирана во истоимениот руски туристички град на Црното Море. Тоа е прва наменска Формула 1 патека во Русија и беше домаќин на првото Руско ГП во Октомври 2014 година, истата година кога градот беше домаќин и на Зимските Олимписки Игри.

Врската на Сочи со Формула 1 формално започна во Октомври 2010 година кога беше постигнат договор со промотерите на трката OJSC Center Omega, поддржани од Руската Влада и во присуство на Владимир Путин.

Изградбата на 5.848 км долгата патека со капацитет за 55,000 гледачи беше под палката на реномираниот архитект Херман Тилке. Патеката е интегрирана во инфраструктурата на Олимпискиот Парк, во близина на железничката станица и патиштата кои ги поврзуваат објектите домаќини на Олимпијадата и Аеродромот.

Ширината на патеката варира од 13 метри до 15 метри на стартно целната рамнина. Кругот, кој е во насока на стрелките на часовникот, се состои од 12 десни и 6 леви свиоци и претставува комбинација на висока брзина и технички сектори. При првата посета на патеката, болидите постигнаа 332 км/ч на 650 метарскиот правец помеѓу првите две кривини, а Луис Хамилтон извозе круг за пол позиција со просечни 213 км/ч.

Неверојатно е да се дојде на ова прекрасно место и да се тркате на оваа патека – изјави Хамилтон. Има одличен грип и одлични свиоци, со многу средна брзина. Одлична забава.

Тилке додаде: Одличен комплекст со прекрасна атмосфера. Оптимист сум за иднината на уникатниот автодром во Сочи.

  • 25
    МАРТ
    ГОЛЕМА НАГРАДА НА АВСТРАЛИЈА
  • 08
    АПРИЛ
    ГОЛЕМА НАГРАДА НА БАХРЕИН
  • 15
    АПРИЛ
    ГОЛЕМА НАГРАДА НА КИНА
  • 29
    АПРИЛ
    ГОЛЕМА НАГРАДА НА АЗЕРБЕЈЏАН
  • 13
    МАЈ
    ГОЛЕМА НАГРАДА НА ШПАНИЈА
  • 27
    МАЈ
    ГОЛЕМА НАГРАДА НА МОНАКО
  • 10
    ЈУНИ
    ГОЛЕМА НАГРАДА НА КАНАДА
  • 01
    ЈУЛИ
    ГОЛЕМА НАГРАДА НА АВСТРИЈА
  • 08
    ЈУЛИ
    ГОЛЕМА НАГРАДА НА В. БРИТАНИЈА
  • 29
    ЈУЛИ
    ГОЛЕМА НАГРАДА НА УНГАРИЈА
  • 26
    АВГУСТ
    ГОЛЕМА НАГРАДА НА БЕЛГИЈА
  • 02
    СЕПТЕМВРИ
    ГОЛЕМА НАГРАДА НА ИТАЛИЈА
  • 16
    СЕПТЕМВРИ
    ГОЛЕМА НАГРАДА НА СИНГАПУР
  • 30
    СЕПТЕМВРИ
    ГОЛЕМА НАГРАДА НА РУСИЈА
  • 01
    ОКТОМВРИ
    ГОЛЕМА НАГРАДА НА МАЛЕЗИЈА
  • 07
    ОКТОМВРИ
    ГОЛЕМА НАГРАДА НА ЈАПОНИЈА
  • 21
    ОКТОМВРИ
    ГОЛЕМА НАГРАДА НА АМЕРИКА
  • 28
    ОКТОМВРИ
    ГОЛЕМА НАГРАДА НА МЕКСИКО
  • 11
    НОЕМВРИ
    ГОЛЕМА НАГРАДА НА БРАЗИЛ
  • 25
    НОЕМВРИ
    ГОЛЕМА НАГРАДА НА АБУ ДАБИ