ГОЛЕМА НАГРАДА НА БАХРЕИН

ДАТУМ

08 АПРИЛ

СТАРТ

17:10

ПРВО ГРАНД ПРИ

2004

КРУГОВИ

57

ДОЛЖИНА

5,4 КМ

НАЈБРЗ КРУГ

1:31.447

ШАКИР

Лоцирана во Шакир, 30 км југо-западно од главниот град Манама, Херман Тилке дизајнираше патека која во себе содржи 5 различни конфигурации во еден комплекс. Градежените работи започнаа во Ноември 2002 година, а во месеците до планираното завршување, Март 2004 година, се работеше “турбо“. Над 12,000 тони камен беа употребени во градењето, што претставува 1/3 од целиот гранит во Велс, кој беше избран поради одличниот леплив квалитет.

Оригиналната патека долга 5.412 км беше дизајнирана земајќи ги во предвид гледачите со 50.000 расположливи седишта за нив, каде сите овозможуваат одличен поглед. Сите гледачи, кои за време на тркачки викенд ги има околу 100.000, добиваат можност да ги видат болидите како исчезнуваат во пустината, пред да се вратат во делот од патеката кој личи на оаза. Центарот за медиумите претставува наменски изграден објект кој може да “вдоми“ 500 новинари.

Ревидирана “ендјуранс“ конфигурација на патеката беше користена за трката во 2010 година, со дополнителен комплекс кој почнуваше од свиокот број 4 и го продолжуваше кругот на 23 свиоци и вкупно 6.299 км, но трката се врати на оригиналната конфигурација во 2012 година. Патеката му нуди на возачот уникатно доживување така што ширината на патеката варира на различни правци. Ова овозможува користење на различни тркачки линии, а конфигурацијата со 15 свиоци овозможува барем три одлични можности за претекнување.

ONBOARD КРУГ

МАПА

Официјалниот календар на Формула 1 првенството за 2018 година. Сите тренинг сесии, квалификации и трка целосно интегрирани во вашиот личен календар според вашето локално време. Превземето го календарот преку следниот линк.