ГОЛЕМА НАГРАДА НА АВСТРАЛИЈА

ДАТУМ

25 МАРТ

СТАРТ

07:10

ПРВО ГРАНД ПРИ

1996

КРУГОВИ

58

ДОЛЖИНА

5,3 КМ

НАЈБРЗ КРУГ

1:24.125

МЕЛБУРН

Во 1985 година кога Формула 1 за првпат пристигна во Австралија, дом на Гранд При-то беше патеката Аделаида. Но поранешниот тркач и бизнисмен Боб Џејн посакуваше трка во Мелбурн. Тој креираше голема возбуда со неговата АУСКАР, Астралиска верзија на НАСКАР.

Но желбата да се одржи трка од Формула 1 во Мелбурн не згасна. И покрај популарниот тајминг за трката во Аделаида, притисокот беше се поголем и поголем од Мелбурн. Во 1992 година Џеф Кенет, избран за нов Премиер на Викторија, веднаш започна со планови за подобрување на имиџот на Мелбурн. Прво на листата, Австралиското Гранд При.

Договор за соработка беше воспоставен со Формула 1 во 1993 година, но договорот за одржување на трка во Формула 1 во Австралија на патеката Аделаида траеше до 1995 година, така што Кенет имаше сосема доволно време за подготовки.

Патеката беше изградена во прекрасниот Мелбурн Парк во Мелбурн, којашто притоа користи и дел од јавните улици. Градот во 1996 година ја одржа својата прва трка во светското првенство. Од тој момент трката стана мошне популарна помеѓу возачите како и фановите, а забавната атмосфера во Мелбурн ги тера сите повторно да ја посетат и наредната година.

ONBOARD КРУГ

МАПА

Официјалниот календар на Формула 1 првенството за 2018 година. Сите тренинг сесии, квалификации и трка целосно интегрирани во вашиот личен календар според вашето локално време. Превземето го календарот преку следниот линк.