Во последната верзија од календарот на Формула 1 трки во година, избегнат е сударот помеѓу трката 24 Часа Ле Ман и Баку, но во исто време, трката за Голема Награда на Германија не е дел од првенството. 

Како што беше случајот и во 2016 година, во првата верзија Европското Гран При во Баку беше закажано за истиот викенд кога се одржува Ле Ман. Но, по барање на организаторот на трката во Баку, истата сега е поместена за 1 недела со цел да го избегне настанот во Ле Ман, како и тешкиот распоред по Канада.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Како што трката во Баку е поместена за една недела порано, следните трки, тие во Австрија, Велика Британија и Унгарија исто така ќе се одржат една недела порано. Тоа е овозможено поради исклучувањето на Германското Гранд При од каледнарот, а Унгарија сега ќе биде последна трка пред летната пауза.

Во последниот дел од сезоната, Сингапур ќе биде прва трка до кој тимовите ќе летаат, по Италијанското Гран при, со пауза од 2 недели пред Малезија и Јапонија.

Со дополнителн промени, трката во САД и Мексико повторно ќе се одржат една по друга, пред Бразилското Гранд При. Сезоната повторно ќе заврши во Абу Даби на 26ти Ноември.

Финалниот календар:

ТРКА НАСТАН ДАТУМ
1 Австралиско Гранд При (Мелбурн) 26 MМарт
2 Кинеско Гранд При (Шангај) 9 Април
3 Бахреин Гранд При (Шакир) 16 Април
4 Руско Гранд При (Сочи) 30 Април
5 Шпанско Гранд При (Барселона) 14 Мај
6 Монако Гранд При (Монте Карло) 28 Мај
7 Канадско Гранд При (Монтреал) 11 Jуни
8 Aзербејџан Гранд При (Баку) 25 Jуни
9 Aвстриско Гранд При (Шпилберг) 9 Jули
10 Британско Гранд При (Силверстон) 16 Jули
11 Унгарско Гранд При (Будимпешта) 30 Jули
12 Белгиско Гранд При (Спа-Франкошамп) 27 Aвгуст
13 Италијанско Гранд При (Монца) 3 Септември
14 Сингапурско Гранд При (Марина Беј) 17 Септември
15 Maлезиско Гранд При (Сепанг) 2 Октомври
16 Jапонско Гранд При (Сузука) 9 Октомври
17 Американско Гранд При (Остин) 22 Oктомври
18 Mексиканско Гранд При (Мексико Сити) 29 Oктомври
19 Бразилско Гранд При (IИнтерлагос) 12 Nоември
20 Aбу Даби Гранд При (Јас Марина) 26 Nоември

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.