Казните на стартот стануваат минато

530

Чарли Вајтинг откри дека правилата кои ќе стапат на сила од 2021 година ќе им стават крај на казните во пресрет на стартот на трката. Со оглед на тоа што секој возач има право на по 3 мотори сезонава, се става акцент на издржливоста многу повеќе одошто на перформансите на моторите.

Казните поради промена на компонентите долго време се критикувани затоа што ги казнуваат возачите за нешто што апсолутно не е во нивна контрола. Сепак, Вајтинг сака да ги осигура фановите дека спортот ќе стави крај на таквите правила кои се непопуларни помеѓу публиката.

Дополнително, тука се и казните за меунвачите кои се даваат доколку има предвремена промена на менувач, односно истиот не издржи 6 трки пред да биде променет.

Во моментов нема потреба ништо да се менува затоа што системот е добар. Ако нешто промениме тоа ќе се однесува на одреден број на менувачи, исто како што имаме на располагање и одреден број на мотори.

На пример, може да дозволиме три менувачи во текот на сезоната и се што дополнително би било користено би било подложно на казна.

Тоа е една од насоките на кои размислуваме за 2021 година. Сепак, пакетот праивила ќе биде интересен и секако ќе има многу промени и новини – објасни Вајтинг.


Казните на стартот стануваат минато

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>