Казнетиот Хулкенберг зема и нов мотор

52

Рено ќе вгради свеж и нов мотор во болидот на Нико Хулкенберг за Италијанското Гранд При со цел да ги максимизира придобивките со оглед на фактот дека поради сударот во Белгија, германецот веќе има казна од 10 позиции на стартниот грид.

Промената значи 5ти мотор со внатрешно согорување за Хулкенберг, 6ти турбо полнач, 5ти МГУ-Х хибриден дел, 4ти МГУ-К кинетички дел, 4та батерија за складирање на електрониката како и 4та контролна електроника сезонава. Како последица на оваа промена, Хулк ќе почне последен.

Од порано е познато дека и Даниел Рикардо ќе земе нов мотор и ќе добие казна, но тој ќе користи последна генерација мотор, додека за Нико најважна е издржливоста и тој ќе земе Б спецификација.


Booking.com

Казнетиот Хулкенберг зема и нов мотор

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>