Шефот на Италијанскиот автомото клуб, а воедно и на Автодромот Монца, Анџело Стичи , ја поддржа одлуката на да го заменат Маурицио Аривабене од шефовското место на најтрофејната Формула 1 екипа и наместо него да дојде Матиа Биното.

пораката е јасна, не смее повеќе да има недоразбирања во екипата. резултатите повеќе не смее да бидат под знак прашалник поради грешки во комуникацијата помеѓу најодговорните во екипата – изјави Дамиани за италијанска Corriere dello Sport.

Формула 1 познавачите се сигурни дека Биното ќе ги предаде техничките овластувања на некој друг, но Стичи дамиани смета дека Матиа ќе има двојна улога во екипата.

назначувањето на биното и спојувањето на двете најважни улоги во екипата е сензационален развој на настаните и значи само едно, а тоа е дека мора да се освојат двете титули веднаш.

очекувањата од 2019 година се огреомни и многу е важно тој мир во тимот да биде најден и постигнат. акционерите секако се свесни за трета сезона без освоена титула и пропуштени можности, а тоа сигурно е неприфатливо за нив.

но, се работи и за фановите кои се гладни откако никогаш го немаат напуштено ферари во моменти на било каков пораз и долго чекање за титула – смета Дамиани.

За крај, тој смета дека пристигнувањето на Шарл Леклер кој годинава треба да го замени Кими Раиконен е уште една одлична вест за Скудерија.

себастијан фетел нема да биде толку комотен со младиот, брз и гладен конкурент крај себе кој веќе е многу зрел возач, но уеден сум дека може да си помогнат и да го дадат најдоброто од себе.

Треба нешто дополнително откако лани демонстрираше “кршливост“ додека се трка крај кими раиконен крај кого беше многу опуштен. мислам дека излегување од таа удобност ќе му годи – заврши дамиани.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.