Луис Хамилтон победи во Сингапур и направи значителен чекор во обидот за освојување на својата 5та возачка Формула 1 титула. Предноста на возачот на Мерцедес во моментов е 40 поени на 6 трки пред крајот на сезоанта, но признава дека не се надевал на максимален број на поени од Марина Беј.

Пресреќен сум, но и потрошен. Каква тешка трка. Имам одлична поддршка овдека, а така беше и денеска од самиот старт. Тимто не престана да верува во мене и Валтери. Ова беше најдолгата трка во мојот живот, благословен сум и пресреќен.

Во еден момент немав среќа со метежот затоа што Гросжан и Сироткин се тркаа пред мене и беше тешко да ги следам. Макс имаше среќа и се доближи многу блиску до мене, но бев внимателен и штом ги минав се сконцентрирав да направм предност. Ферари предизвикаа добро викендов, но не знам каде отиде нивниот ритам и нивната брзина на денешна трка – објасни Хамилтон по крајот на трката.

Триумфот на Хамилтон беше во голема мера одработен со фантатичните квалификации вчера, рекордниот круг кој му донесе нов пол позиција и триумф од прво стартно место по 44ти пат во неговата кариера.

Знаевме дека Ферари треба да бидат спектакуларни овдека викендов и знаевме дека ќе ни треба нешто посебно за да ги победиуме. Не сметав дека по Сингапур ќе имам 10 поени поголема предност, но така е и благоарен сум.

Беше долго, беше тешко, но и покрај тоа беше забавно. Возење на оваа патека е неверојатно особено со овие болиди. Имав одличен старт и тоа ми овозможи да контролирам се околу мене. Дефинитивно стана поинтересно кон крајот кога требаше да ги претекнувам заостанатите болиди. Почнувате да чувствувате несигурност од болидот пред вас кога ќе дојдете на некои 5-6 секунди од него. Сините знамиња и не се гледаат многу јасно затоа што е доста темно. тоа му даде можност на Макс и морав да се бранам за да не загубам – заврши Луис.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.