И Силверстон добива трета ДРС зона

173
   

Големата награда на Велика Британија ќе добие трета ДРС зона за време на престојната трка викендов, но за разлика од другите патеки каде зоните се на правци, оваа на Силверстон ќе биде на две летечки кривини.

Новата ДРС зона ќе ја опфати стартно целната рамнина и следните два летечки свиоци што значи дека доколку возачот е доволно храбар, може да ги мине истите под полна гас со вклучен ДРС систем.

Зоната не е голема, но интересно е тоа што крилото може да остане спуштено во текот на првиот свиок ако возачот го сака тоа. Штом се активира по 18от и последен свиок на патеката, самите одбираат кога да почнат ад кочат или да го кренат крилото. Потенцијално може да пролетаат низ првите две кривини со отворен ДРС – најави Чарли Вајтинг, директорот на трка од ФИА.

Првит едве кривини, односно Аби и Фарм се летечки и се минуваат со 260 кмч, но со додаден ДРС брзината може да биде поголема.

“Во игра“ остануваат постоечките зони во пресрет на 5от и 14от свиок на патеката односно Аинтре и Чапел.


И Силверстон добива трета ДРС зона

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>