И Рос Браун смета дека смртта на Маркионе влијае над Ферари

216
   

Спортскиот директор на Формула 1, Рос Браун, е убеден дека ненадејната смрт на поранешниот претседател на Ферари, Серџо Маркионе, имала “огромно влијание“ над Скудерија.

Браун, кој беше технички директор на италијанската екипа во нивната златна доба со Шумахер, верува дека нивниот моментум преживеал сосема очекувана дисрупција по смртта на Маркионе, што довело до падот во перформанси на екипата.

Значајна фигура во автомобилскиот свет, Маркионе беше клучен за оживувањето на Фиат и Крајслер, но исто така и за воведување на баланс во Маранело по неколку фундаментални промени во менаџментот и во инженерскиот департман.

Споредено со минатата година, дури и издржливоста на Ферари се подобри. Затоа, каде е проблемот?

Нема сомнеж дека шокот од ненадејната смрт на нивниот лидер, Серџо Маркионе, кој беше толку силно влијание во тимот, дека имало големо влијание, што е тотално разбирливо.

Имајќи искусено многу кризи самиот за време на моето време во Ферари, тоа што знам е дека сега е времето да бидат заедно, обединети и да гледаат напред, без да играат игра на обвинувања .. – вели Браун.

Согледувањето на Браун беше истакнато и во италијанските медиуми, а Corriere della Sera го нарече Маркионе “чуварот на внатрешниот баланс во Ферари“, притоа истакнувајќи дека постои интерна битка за превласт помеѓу Аривабене и Биното.


И Рос Браун смета дека смртта на Маркионе влијае над Ферари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>