И Ред Бул потрошиле повеќе поради новите правила

123
   

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, објасни дека големите промени во правилата во пресрет на оваа сезона значително го зголемиле трошењето кај сите екипи. Последните финансиски извештаи на Ред Бул откриваат дека екипата потрошила 226,7 милиони фунти годинава, 17,4% повеќе од ланските 193 милиони фунти.

Трошоците за промена на правилата се огромни за Формула 1 екипите. Ќе видите дека тоа ќе има голем удел во буџетите на сите екипи. Кога се прават толку значајни промени, мора да има и значајни инвестиции – смета Хорнер.

Приходите на Ред Бул за минатата година се зголемиле од 197,9 милиони фунти на 231,3 милиони фунти, а најголем дел од зголемувањето е покриено од страна на матичната компанија за производство на енергетски пијалоци, Ред Бул кои од 40,6 милиони фунти во 2016 година, лани вбризгале 56,5 милиони фунти.

Сумата која ја вложува Ред Бул е слична со онаа на Мерцедес кои во својата екипа инвестриале 60 милиони фунти лани, а и трошоците на “сребрените“ се зголемени во ист процент како и во Милтон Кинс.

Формула 1 сеуште претставува силна вредност за брендот, тоа е најголемата маркетинг активност на Групацијата, тркачката серија има глобална публика и јасно е дека и дегиталната публика се повеќе расне.

Врз база на својата анализа, Ред Бул е број еден бренд во спорто така што Формула 1 носи огромна вредност за бреднто кој без спортот не би бил тоа што е.

Бројкит есе подобри и благодарение на спонзорството од Астон Мартин, а исти ќе бидат и следната година поради продолжување на соработкјата. Ред Бул ќе продолжат да бидат стабилни – анализира Хорнер.

Екипата во 2016 година забележа добивка од 900 илјади фунти, а една година подоцно добивката се зголеми на 1,1 милион.

Структурата на Формула 1 екипата е многу сложена и комплицирана затоа што сестринската компанија Ред Бул Технолоџи е снабдувач на Ред Бул Рејсинг и дава многу услуги на Торо Росо. Ред Бул Рејсинг има само 58 вработени, а целокупното истражување и развој се врши во Ред Бул Технолоџи .


И Ред Бул потрошиле повеќе поради новите правила

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>