И Палмер критичен за инцидентот на Гросжан

104

Поранешниот возач на Рено, Џулион Палмер, смета дека последниот инцидент на Роман Гросжан било целосно негова вина и дека истиот е најлош од серијата која ја има. Британецот смета дека Роман минува низ тежок период и ќе му треба време да се врати.

Роман Гросжан минува низ тежок Формула 1 период и стигна до дното со неговиот судар во првиот круг во Шпанија. Не памтам друг сличен инцидент, а мислам дека исто така и стјуардите поради што му дадоа казна од три позиции за Монако.

Последниот инцидент беше најтежок за него во серијата која ја има годинава. Она што не можам да го разберам е зошто толку долго ја држеше педалата за гас – се запрашува Палмер.

Педалот за гас ги натера гумите неконтролирано да се вртат што донесе многу густ чад на патеката што дополнително ја попречи видливоста и настана сударот со Хулк и Гасли. ОВа е втор “глупав“ инцидент на Гросжан откако во Баку се удри во бариерите за време на Безбедносното возило непречен од никого.

Роман имаше слична срија инциденти и во 2012 година поради кои доби и забрана на една трка.


И Палмер критичен за инцидентот на Гросжан

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>