И Вилнев застана на страната на Верстапен

302
   

Светскиот Формула 1 првак од 1997 година, Жак Вилнев, го критикуваше Себастијан Фетел за неговиот потег против Макс Верстапен сметајќи дека германецот не требало толку да брза за да мине. Фетел сакаше да дојде колку што може поблиску до болидите на Мерцедес така што мораше најпрво да го мине Верстапен откако стартуваше на 8мо место, но по само еден круг беше 4ти.

Проба да претекне од внатрешната страна на Спун кривината, но иницираше контакт и си ја уништи трката.

Зошто Себ толку брзаше? Тој мораше да знае дека Верстапен има казна од 5 секунди. Се извинувам, но јас мислам дека вината е кај Фетел – изјави Вилнев за германски Auto Motor und Sport.

Но, канаѓанецот смеа дека 21-годишниот возач требало да биде пожестоко казнет за сударот од првиот круг кога буквално влета во болидот на Кими Раиконен сакајќи да се врати на патеката.

Помина некое време откако Верстапен има добиено соодветна казна. Тој ја уништи трката на Кими и 5 секунди е мала казна за тоа.


И Вилнев застана на страната на Верстапен

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>